понеделник, 10 март 2025

Чупеска: Ова не битка за неколку членови на Судскиот совет – ова е битка за зачувување на демократијата и уставниот поредок

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска на прес-конференцијата најави дека партијата тргнува во одбрана и на заштита на уставниот поредок на држава, укажувајќи дека интерпелацијата на поединечните членови на Судскиот совет е незаконска.

Објавено на

часот

Сподели

„Нè делат само 24 часа од еден од најголемите упади на една власт во трета независна власт чија самостојност е гарантирана со Уставот. Наместо неопходни реформи ќе бидеме сведоци на операционализција на еден груб, и многу нападен удар врз правосудниот систем кои ќе се одвива во законодавниот Дом. Преку незаконската интерпелација на поединечните членови на Судскиот совет, за која нема ниту законска можност, ниту пак ќе има правно дејство. Вака како што е поставена оваа интерпелација е школски пример за директно и грубо кршење на уставниот принцип за владеење на правото и за поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Власта предводена од Мицковски само ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.Наместо, да ја гарантира нејзината незавиност… Брзањето со интерпелациите на членовите на Судскиот совет, на ваков начин, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело, ги обелоденува вистинските намери на власта. Намери кои не поврзани со реформските процеси туку со воспоставување целосна партиска контрола“, вели Чупеска.

Потпретседателката на СДСМ смета дека ако намерата била за суштински реформи, немало  сила и спротивно на закон да се турка интерпелацијата на членовите од Судскиот совет.

„Зошто не почека власта да се финализира новото законското решение и во нормална и редовна постапка се избере пакет на нови членови, согласно новото законско решение? Зошто упорно ги игнорира постојните законски одредби и извршната власт, на чело со премиерот се става над Уставот и над законите?

Затоа што јасна е намерата да нема никакви реформи туку инсталирање на партиски лојалисти во правосудните органи. Ова не е случајност. Станува збор за смислен, ситематичен и координиран напад врз правосудниот систем“, предупредува Чупеска.

Потоа, таа проценува ако Судскиот совет биде урнат на ваков начин, следни ќе бидат судиите што не се по волја на власта. Потоа ќе следуваат и нарачни пртесуди…

„Ако обвинителот биде сменет на ваков начин, без почитување на законите, следни ќе бидат сите што не се подготвени да работат по инструкции на Мицкоски. Во таа смисла, ужасни, невидени до сега, се изјавите на премиерот во врска со судството кои не може да ги сместиме никаде освен во дијапазонот од скандалозно до шокантно. Замислете, премиерот ноншалатно, но крајно деспотски, си изјавува дека ќе му зададе удар во чело на судството.  Изјавите пак дека ќе се игнорира мислењето на Советот на јавни обвинители во врска со разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител, се исто така фрлање на шок-бомби. ВМРО-ДПМНЕ сака тотална контрола. Токму затоа се брзаат, токму затоа го игнорираат законот и токму затоа СДСМ никогаш нема да го поддржи ова насилно уништување на правната држава и на уставниот поредок“, вели Чупеска.

Затоа, нагласува Чупеска, СДСМ и стручната јавност таквите појави ги сметаат за неприфатливи, оти јасно е дека се спротивни на Уставот и на законите, на демократскиот поредок. Истовремено најавува дека СДСМ во претстојниот период, јасно и недвосмислено ќе се спротивстави на овие насилнички и недемократски дејствија

“Оваа власт нема решение за реформи во правосудството. Таа само ги проектира своите интерни манири на авторитаризам и апсолутизмот кои го спроведува во својата партијата спрема државата. Згора на тоа, сега истата проекција ја насочува и спрема третата, судската власт, која мора да биде независна. Тие, арогантно и силеџиски сакаат и неа да ја узурпираат, да го инфицираат. На најгруб и превратнички  начин. СДСМ во претстојниот период, јасно и недвосмислено ќе се спротивстави на овие насилнички и недемократски дејствија.Наместо ваквото недемократско однесување, ние бараме за судските реформи да се создадее национален консесус и да се осигура темелен реформиски процес во правосудните органи“, вели Чупеска.

СДСМ ги повикува сите политички партии, сите засегнати страни да се вклучат во процес кој ќе овозможи суштинска, а не примитивно водена, половична и персонализирана, партиско-лојалистичка квазиреформа.

„Ние ќе продолжиме да се бориме за вистински и суштински реформи во правосудството, кои ќе ја гарантираат неговата независност и ефикасност. Затоа, најважно – бараме од власта веднаш, да престане со овие незаконски и неуставни дејствија. Да се спроведат вистински реформи, во согласност со препораките на меѓународните институции, и да ги следи чекорите предвидени во планот за раст, оние од Оценската мисија, укажувањата на ММФ. Во овие процеси мора, повторувам, мора да се штити и гарантира Уставот – посебно начелата за поделбата на власта и владеење на правото. Конечно, ова не е битка за неколку членови на Судскиот совет – ова е битка за зачувување на демократијата и уставниот поредок“, поентира Чупеска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ