среда, 21 февруари 2024

Чулев: Упадот во М-НАВ е безбедносен скандал од меѓународни рамки

Објавено на

часот

Сподели

„Настанот кога организирана група насилно упаѓа во објектот на Македонската навигација (М-НАВ) и физички напаѓа дел од вработените говори за сериозно непочитување на безбедносните протоколи и потфрлување на институциите кои се задолжени за безбедноста. Станува збор за кривично дело ‘загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај’ за кое според кривичниот законик, превидена е казна затвор од пет до 10 години.

Упатувам силна поддршка, но и благодарност до синдикатот и професионалците во оваа институција кои по цена на својот живот и своето работно место, решија да истраат во намерата да го заштитат М-НАВ и безбедноста на македонското небо.

Го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, во најкраток рок да ги санкционираат учесниците во вчерашниот настан, а владата веднаш да го разреши раководството на институцијата, чиј основач е државата, а која треба да функционира согласно пропишани европски и светски стандарди.

Дополнително, Министерството за внатрешни работи согласно Законот за приватно обезбедување треба да утврди пропуст во постапувањето на агенцијата 2СС од Кичево, што го обезбедува објектот, и преку соодветна постапка да ја одземе дозволата за работа на истата. Воедно, треба да се утврди дали таа агенција имала важечки договор со М-НАВ за обезбедување во 2024 година, со оглед дека претходниот е истечен на 14.12.2023 година, и доколку се утврди дека договорот е истечен, дополнително да се побара и утврди кривична одговорност за директорот на М-НАВ кој дозволил приватна агенција да обезбедува објект од критична инфраструктура без важечки договор“, вели Чулев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ