сабота, 27 јули 2024

Чулев се сомнева во изборен поткуп и манипулации од СДС и ДУИ

СДС и ДУИ се подготвуваат да извршат најголем историски поткуп на следните избори. Причината за ова е нивниот најслаб рејтинг во историјата. Затоа е неопходно ВМРО-ДПМНЕ да учествува во техничката влада поради спречување на изборен поткуп и изборни манипулации, изјави вечерва за ТВ Алфа Наќе Чулев, член на ИК во ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, во рамки на партијата се водат дискусии на оваа тема меѓутоа официјален состанок на ИК на оваа тема уште нема, се очекува во наредниот период во најбрз рок да има состанок на ИК каде што една од точките ќе биде и учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Тогаш ќе биде информирана и јавноста. Мојот личен став и целокупното искуство што го имав како министер за внатрешни работи во техничката влада вклучително и за предизвиците со кои би се соочил изборниот процес во отсуство на претставници на ВМРО-ДПМНЕ во таа техничка влада“, изјави Чулев.

„Во ситуација кога СДС историски гледано од 1991 се наоѓа во најголемата криза со најнизок историски рејтинг и најниска поддршка од граѓаните, вклучително кога голем број функционери на ДУИ и СДС се инволвирани во огромни корупциски скандали и афери и кога се загрозени со кривично правно процесуирање доколку дојде до промена на власта, а тие се сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ нема да калкулира и нема воопшто да прави пазар во смисла на процесуирање на функционери кои се огрешиле пред законот, тие се подготвени да извршат најголем поткуп во историјата на Македонија“, кажа Чулев.

Тој кажа и дека има сознанија дека во рамки на состаноците кои се организираат во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и се прават тајминзи за преземање на конкретни активности во смисла на изборен поткуп и изборни манипулации, како институционален, така и на индивидуално ниво.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

детектираат лица преку кои тоа ќе се прави средини, и тн“ кажа Чулев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ