сабота, 27 јули 2024
Куп на Африкански Нации

Чудото е комплетирано, Брегот на Слоновата Коска ја совлада Нигерија и стана шампион на Африка! (ВИДЕО)

Брегот на Слоновата Коска се радува на својата трета титула на Купот на Африкански нации, вечерва во финалето со пресврт триумфираа над Нигерија со 1-2 за комплетирње на чудото.

Објавено на

часот

Сподели

Популарните „слонови“ беа на прагот на елиминација уште во групната фаза, останаа и без селекторот, но на чудесен начин, сега се радуваат на нова титула на Купот на Африкански нации, нивна трета.

Вечерва во финалето, Нигерија поведе со голот на Еконг, дефанзивецот скокна највиско по еден корнер и донесе предност од 1-0 во 38. минута.

Брегот на Слоновата Коска стигна до изедначување на сличен начин, по еден корнер, Кеси на подалечната статива биеше со глава за 1-1.

Кам-бекот беше направен во 81. минута, Але одлично се снајде, постави нога при едно додавање на Адингра и ја затресе мрежата за 1-2, па „слоновите“ станаа нови шампиони на Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ