Популарните „слонови“ беа на прагот на елиминација уште во групната фаза, останаа и без селекторот, но на чудесен начин, сега се радуваат на нова титула на Купот на Африкански нации, нивна трета.
Вечерва во финалето, Нигерија поведе со голот на Еконг, дефанзивецот скокна највиско по еден корнер и донесе предност од 1-0 во 38. минута.
Брегот на Слоновата Коска стигна до изедначување на сличен начин, по еден корнер, Кеси на подалечната статива биеше со глава за 1-1.
Кам-бекот беше направен во 81. минута, Але одлично се снајде, постави нога при едно додавање на Адингра и ја затресе мрежата за 1-2, па „слоновите“ станаа нови шампиони на Африка.