понеделник, 28 октомври 2024
Македонецот може да направи милионски трансфер

Човекот кој го донесе Миовски во Абердин сега притиска за негов трансфер во Саутемптон

Медиумите од Шкотска пренесуваат дека човекот задолжен за ангажман на фудбалери во Саутемптон, Дарен Моубри силно притиска за купување на Бојан Миовски.

Објавено на

часот

Сподели

Бојан Миовски игра во одлична голгетерска форма во дресот на Абердин, па често е дел од трансфер шпекулациите, Македонецот се поврзува со гигантите Селтик и Ренџерс.

Но за неговите услуги интерес има и во Англија, последните информации велат за трансфер на напаѓачот во Саутемптон.

„Светците“ меркаат нов голгетер, и човекот задолжен за ангажман на фудбалери, Дарен Моубри силно притиска за купување на Бојан Миовски.

Тој добро го познава Македонецот со оглед на тоа дека го донесе во Абердин, па агитира кај тренерот Расел Мартин за трансфер. „Светците“ сакаат да го засилат форот откако тешка повреда заработи Рос Стјуард, и за него сезоната најверојатно е завршена.

Абердин нема лесно да се откаже од Бојан Миовски, се шпекулира дека цената на Македонецот е околу 6 милиони фунти, односно десет пати повеќе од она што беше платено за негов ангажман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ