сабота, 27 јули 2024

Човек загина при турбуленции на лет од Лондон кон Сингапур

Едно лице загина, а неколкумина други се повредени на летот на Сингапур ерлајнс од Лондон, кој беше погоден од силни турбуленции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Авионот „боинг 777-300ЕР“, кој летал кон Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време.

Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот, според соопштението на авиокомпанијата.

„Сингапур ерлајнс изразува најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, се вели во соопштението.

Авиокомпанијата додаде дека работи со тајландските власти за да им даде медицинска помош на патниците и дека испраќа тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна потребна помош.

Тајландските власти испратија амбулантни возила и екипи за итни случаи на аеродромот Суварнабхуми.

Министерот за транспорт на Сингапур, Чи Хонг Тат, рече дека владата ќе обезбеди помош за патниците и нивните семејства.

„Многу сум тажен откако дознав за инцидентот на летот СК321 на Сингапур ерлајнс од лондонски Хитроу до Сингапур“, објави тој во изјавата на Фејсбук.

Сè уште не се знае што точно се случило на летот.

Турбуленцијата е честа при летање – сепак тешките инциденти како овој се ретки, а благото тресење при лет обично не предизвикува грижи, вели Би-би-си.

Понекогаш може да се предвиди – и познато е дека пилотите преку радио едни со други си даваат прецизни предупредувања – но може да дојде и ненадејно. Иако се работи за климатска појава, турбуленцијата може да се случи секаде и во сите временски услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ