среда, 15 јануари 2025

Човек во Белград чувал половина милион евра во стан, му ги украле

Припадници на министерството за внатрешни работи во Белград уапсиле четири лица поради постоење основан сомнеж дека извршиле кривично дело тешка кражба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие се осомничени дека од стан во Белград во август оваа година украле 475.000 евра.

На една локација која ја користел еден од осомничените најден е поголемиот дел од украдените пари, но и автоматско оружје и муниција.

На осомничените им е одредено задржување до 48 часа, по што, со кривична пријава, ќе бидат приведени во надлежното обвинителство во Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ