„Не се согласувам со испраќање војници и за тоа веќе разговарав со вршителот на должноста претседател Илија Боложан. Тоа ќе биде и ставот што ќе му го пренесе на Европскиот совет“, изјави Чолаку за Романиа ТВ.
Тој рече дека Романија нема да придонесе во распоредувањето војници во Украина.
„Прво нека се постигне мир. Романија мора да ја стабилизира ситуацијата во рамките на сопствените граници. Ние имаме најдолга граница со Украина, излез на Црно Море, а најефективниот начин за зајакнување на источното крило е на наша територија, а не со преместување војници во зоната на конфликтот“, рече Чолаку.
Тој додаде дека се залага за брз и траен крај на војната во Украина, во која десетици илјади луѓе ги губат животите секоја недела.