сабота, 19 октомври 2024

Членови на банда на Хаити упаднале во град и ограбиле куќи. Граѓаните живи ги запалиле

Објавено на

часот

Сподели

„При проверка на минибус во кој имало вооружени лица, полицијата заплени оружје и друга опрема. Освен тоа, повеќе од десет лица од тоа возило биле линчувани од жителите на населбата“, се наведува во соопштението на полицијата на Хаити. Полицијата не го наведе точниот број на жртви и во кои околности ја изгубила контролата над осомничените со кои се справиле жителите на населбата Канапе Верт.

Но, судирите почнале уште пред зори, кога членови на бандата влегле во станбените области на главниот град, ограбувајќи куќи и напаѓајќи жители, велат очевидци. „Пукотници не разбудија утринава околу 3 часот, бандата нѐ нападна, слушавме пукање“, изјави за АФП жител на соседната населба Тургео.

Најмалку уште тројца наводни членови на бандата биле убиени и изгорени околу пладне, според фотографиите и видеата објавени на интернет. Несигурноста во главниот град на Хаити достигна ниво „споредливо со она на земјите во војна“, предупредија ОН во извештајот објавен во понеделникот, истакнувајќи дека бројот на убиства и киднапирања во земјата е во значителен пораст.

„Народот на Хаити и понатаму е изложен на една од најтешките кризи за човековите права во последните децении и голема хуманитарна криза“, се вели во извештајот на генералниот секретар Антонио Гутереш. Од 1 јануари до 31 март, бројот на убиства во земјата е зголемен за 21 отсто во однос на претходниот квартал (815 наспроти 673), а бројот на киднапирања за 63 отсто (637 наспроти 391).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ