„Во оваа насока, Советот за соработка на Владата и граѓанското општество ќе предложи член од здружение кое е активно најмалку 10 години во областа на превенцијата и борбата против корупцијата. Ова е важен чекор каде граѓанскиот сектор ќе го даде својот придонес во превенцијата и борбата против корупцијата, а не како досега кога граѓанското општество имаше само улога на набљудувач“, се наведува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Арбен Фетаи.
Член од Граѓанското општество ќе учествува во работата на Меѓуресорското тело за координација на антикорупциските активности
Владата на предлог на вицепремиерот за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, ја усвои одлуката со која член од Граѓанското општество се вклучува во работата на Меѓуресорското тело за координација на антикорупциските активности.
ТОП ВЕСТИ