петок, 27 декември 2024
Прослава на победата заврши трагично

Член на турската опозиција загина при уривање на балкон, повредени 8 лица (ВИДЕО)

Членот на турската опозициска Републиканска народна партија, Мехмет Палаз, почина во болница од тешки повреди кога за време на прославата на победата на партијата на локалните избори се урна балкон на зградата во која е седиштето на партијата во областа Тавас во турската провинција Денизли.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Мехмет Палаз, кој се здоби со повреда на главата и беше во животна опасност, беше испратен во Универзитетската болница во Памуккале откако беше примен во државната болница Тавас, објави Џумхуриет.

Откако во неделата вечерта почнаа да доаѓаат неофицијални резултати, голем број сопартијци се собраа пред партиските простории за да ја прослават изборната победа. Поголема група луѓе ги исполниле двата балкона од зградата на седиштето на партијата кога еден од нив се урна. Во тој настан повредени се осум членови, од кои тројца потешко.

Палаз беше заменик-шеф на партијата за областа Тавас. Според неофицијалните резултати од локалните избори, во областа Тавас победи кандидатот на Републиканската народна партија за градоначалник Кадир Татик.

Врз основа на резултатите од 99,9 отсто од избирачките места, Републиканската народна партија победи во 35 градови на локалните избори, додека владејачката Партија на правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи во 24 градови, објави претседателот на Високата изборна комисија, Ахмет Џенер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ