сабота, 27 јули 2024

Член на израелскиот кабинет го повика Нетанјаху да се согласи на предвремени избори во септември

Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да се согласи да се распишат предвремени парламентарни избори за септември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ганц, министер без ресор, на вчерашната прес-конференција рече дека изборите се неопходни за да се врати довербата на јавноста во владата.

Израелското општество последниве месеци станува сè поподелено бидејќи војната во Појасот Газа се одолжува и владата се обидува да ги врати десетиците заложници грабнати од палестинската екстремистичка група Хамас.

Членовите на семејствата на заложниците оваа недела се приклучија на поширокото протестно движење барајќи оставка на Нетанјаху и нови избори. Тие протести, одржани во близина на резиденцијата на Нетанјаху, се претворија во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Ганц апелираше да се постигне договор за датумот на изборите во септември, две години пред редовните.

„Така, би било оставено време за продолжување на војната против Хамас, додека на граѓаните би им овозможиле да знаат дека наскоро ќе ја вратиме довербата меѓу нас (меѓу владата и народот) и би спречиле раздор меѓу луѓето“, рече Ганц.

Откако Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври, додека трае војната во Појасот Газа, Нетанјаху постојано ги отфрла повиците да се повлече или да одржи нови избори, тврдејќи дека владата мора да се фокусира на конфликтот.

Анкетите покажуваат дека популарноста на Нетанјаху е значително намалена од 7 октомври и дека тој многу заостанува зад Ганц, поранешниот министер за одбрана.

Вчерашниот повик не претставува непосредна закана за Нетанјаху, чија владејачка коалиција има парламентарно мнозинство и без поддршката од Ганц.

Партијата Ликуд на Нетанјаху го обвини Ганц за политикантство, велејќи дека изборната кампања ќе ја парализира земјата и ќе им наштети на воените активности на Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ