За комплетна промена на објектот на Илинденска б.б. гласале 155 граѓани (30 отсто), а три отсто помалку од нив се изјасниле дека воопшто не треба да се менува фасадата.
Реновирањето на владината зграда, без да се вршат дополнителни интервенции, го поддржа и Асоцијацијата на архитектите на Македонија, како и самиот автор, архитектот Петар Муличковски.
Додека граѓаните се изјаснуваат на анкетите од медиумите и на сајтот на Владата каде што се гласа за петте идејни решенија за обнова на зградата, на социјалните мрежи студенти од Архитектонскиот факултет повикуваат на бојкот на владината анкета:
„Објектот на Владата на РМ е изграден во 1970 година и претставува објект што во своето време ги следи архитектонските и конструктивните текови на современиот живот. Проектант на овој објект е архитектот Петар Муличковски, кој сè уште е меѓу нас и кој во целост е игнориран од страна на Владата. Во светската практика не постои пример да се менува изгледот на некој значаен проект, а притоа да не се консултира неговиот творец. Уште помалку објект наградуван во свое време од архитектонските кругови, да се обидете да го облечете во фасада чиј стил одамна е мртов“, се вели во апелот од студентите.
Тие тврдат дека не ѝ припаѓаат на ниту една политичка партија, владина или невладина организација, и дека нивна единствена припадност е нивната професионална ориентација.
Наспроти ваквите апели, на владиниот сајт сè уште се во трка петте идејни решенија – анкетираните претпочитаат модерен изглед на објектот на Владата.
Решение 1
26% (5.103 гласа)
Решение 2
28% (5.432 гласа)
Решение 3
28% (5.345 гласа)
Решение 4
7% (1.385 гласа)
Решение 5
8% (1.613 гласа)
Не знам / Нема одговор
3% (492 гласа)
Вкупно: 19.370