сабота, 27 април 2024

Чисти и администрацијата на Комуналец, ѓубре собраа и кај Опера и балет и Филхармонија

Во чистење на ѓубрето се вклучи и админстрацијата на скопска Комунална хигиена. За жал, на ѓубре наидоа кај црквата Св.Димитрија, Музејот на холокаустот, Националната опера и балет, Македонската филхармонија…

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден акцијата се одвивала во централното градско подрачје, на потегот од порта Македонија, улицата Македонија,  сè до булеварот Кирил и Методиј и Музејот на град Скопје, велат од претпријатието и додаваат дека денеска административците на ЈП Комунална хигиена-Скопје ги отстранувале непрописно одложените отпадоци од јавните површини на плоштадот Филип Втори, реонот на црквата Св.Димитрија и Музејот на холокаустот, како и  од платото пред Националната опера и балет и Македонската филхармонија.

Во текот на утрешниот ден, активностите ќе продолжат на кејот 13-ти Ноември.

„Преку акцијата за чистење во којашто учествуваат   административците на претпријатието ЈП Комунална хигиена-Скопје  има за цел подигнување на свеста кај жителите на нашиот град дека секој поединец  преку своето совесно однесување може значително да придонесе за одржувањето на хигиената и заштитата на животната околина“, се вели во соопштението со кое се проследени и неколку фотографии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ