сабота, 27 јули 2024

Чиле: Најмалку 19 лица загинаа во шумските пожари (ВИДЕО)

Најмалку 19 лица загинаа во чилеанското одморалиште Виња дел Мар во шумски пожари во регионот Валпараисо на запад, како и во централните и јужните делови на земјата, соопштија денеска чилеанските власти.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Има 19 загинати. Ги пронајдовме нивните тела“, изјави министерката за внатрешни работи Каролина Тоха и додаде дека 15 од нив се идентификувани.

Министерката изрази страв дека бројот на жртвите може да биде поголем, бидејќи спасувачките екипи сѐ уште не стигнале до сите подрачја зафатени од пожарите.

Според неа, активни се 92 пожари, од кои 40 се под контрола, изгореле 43.000 хектари шуми и земјоделски култури.

За гаснење на пожарот се мобилизирани 14 бродови и пет хеликоптери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ