сабота, 27 јули 2024

Чикаго од минус 19 поени до победа против Атланта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Триумфот на „биковите“ е уште позначаен ако се знае дека шесткратниот НБА-шампион беше во негатива од 19 поени во првото полувреме, а во третата четвртина имаше минус и од 14 поени. Фантастичниот Дерик Роуз ги предводеше „биковите“ со 30 поени, од кои дури 17 ги постигна во последниот период од натпреварот. Денг имаше скор од 21 поен и осум скока, а двоцифрен ефект имаше и Карлос Бузер со 11 постигнати поени.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=-XhGKXEtopM]
Иако новата сезона ја започна со перфектен скор од пет победи, тимот на Оклахома тандерс на последните два меча забележа два порази. Синоќа, подобри од „громовите“ беа кошаркарите на Портланд трејлблејзерс (101-93). Причина за поразот на Оклахома беше релативно лошата игра на Кевин Дурант, кој постигна 19 поени, но со очаен процент на реализација во ударите од поле (8/26). Кај поразениот тим Џејмс Харден беше најефикасен со 23 поени, додека Вестбрук постигна еден поен помалку. Ламаркус Олдриџ беше феноменален во дресот на Портланд со 30 постигнати поени.
Коби Брајант со своите 37 поени во „Стејплс Центарот“ го предводеше тимот на Лос Анџелес лејкерс до победа од 108-99 над Хјустон рокетс. Дека играта на „езерџиите“ под водство на Браун ќе се фокусира на игра преку центрите покажува и фактот што Бајнам повторно имаше одличен скор 21 поен и 22 скока, а Гасол дојде до 14 поени и осум скокови. Кајл Лоури беше најефикасен кај Хјустон со 22 поени, додека 20 поени постигна Луис Скола.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Шарлот 115-101, Мемфис – Сакраменто 113-96, Јута – Милвоки 85-73, Чикаго – Атланта 76-74, Оклахома – Портланд 93-103, ЛА Лејкерс – Хјустон 108-99.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=vkAlDEg5few]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ