сабота, 19 октомври 2024

Чичко Дончо купи билет: Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија!

Објавено на

часот

Сподели

Во тек е акција на Комитите за купување на сезонски билет кој чини само 1.000 денари. Сите собрани средства одат за функционирање на клубот.

Во акцијата се приклучи и популарниот Чичко Дончо кој купи сезонски билет и испрати порака до фановите:

„Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија. Ве поздравувам мои Комити, мои внуци, мои јунаци македонски“, е пораката на Чичко Дончо.

Комити во објавата на социјалните мрежи ги повикаа и другите легенди да го следат примерот на Андон Дончевски и да се приклучат кон акцијата.


 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ