петок, 28 март 2025

Чибишев: Сите пациенти на Токсикологија се стабилни

Сите пациенти кои се хоспитализирани на ЈЗУ Клиника за токсикологија по пожарот во дискотеката во Кочани, се клинички стабилни и без клинички манифестации, информираше директорот на клиниката проф. д-р Андон Чибишев.

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа Клиника се лекуваат седум пациенти кои инхалирале голема количина отровни гасови додека горел објектот. Пациентите немаат механички или термички повреди, туку главно инхалаторни повреди од чадот и од гасовите.

Чибишев вели дека на почетокот во Клиниката за токсикологија биле примени вкупно 20 пациенти. Од нив, поради влошена состојба, 13 биле префрлени на други клиники, претежно на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во која има машини за механичка вентилација.

Некои од пациентите, кои првично биле примени на Клиниката за токсикологија, биле префрлени и во медицински центри надвор од државата. Според информациите од д-р Чибишев, сите пациенти кои поминале низ Клиниката за токсикологија, вклучувајќи ги и оние на КАРИЛ и оние кои се лекуваат во странство, моментално се стабилни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ