среда, 18 декември 2024

Четврто запалено возило во Штип за два месеца, овојпат на мета е Боби Гидиоски

Во Штип повторно е запалено возило, а овој пат се работи за автомобил на поранешниот началник на СВР, Боби Гидиоски. Пожарот се случил на улицата „Ванчо Китанов“, на паркингот пред станбената зграда, а полициската станица во Штип била известена за настанот веднаш по полноќ.

Објавено на

часот

Сподели

Запалениот автомобил, фолксваген голф со штипски регистарски ознаки, бил сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој го користел.

Овој инцидент е втор случај на опожарено возило во Штип за само три дена, а вкупно четврти во последните два месеца.

Претходно, во октомври беше запалено возилото на управителот на регионалната телевизија М-Нет, а потоа и автомобил во населба Балканска. Пред два дена, уште едно возило било опожарено на улица „Сремски фронт“ во Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ