петок, 18 октомври 2024

Четвртина од луѓето кои го гледале „Барби“, одат в кино првпат по пандемијата

Објавено на

часот

Сподели

Анкетирани биле 1.800 купувачи на билети за „Барби“ во САД во текот на три недели, откривајќи дека 11 отсто „не се сеќаваат на последниот филм што го гледале в кино“. Натаму, други 11 отсто рекле дека „Барби“ е првиот филм што го виделе во кино од почетокот на корона-пандемијата во 2020 година.

Така, проценките говорат дека 22 насто од вкупниот број луѓе кои отишле в кино заради „Барби“ би биле еднакви на околу девет милиони луѓе. Во меѓувреме, 46 насто од испитаниците велат дека одат во кино „постојано“, додека 32 отсто одговориле – „понекогаш“.

Од испитаниците, 45 насто би сакале да одат почесто на кино, но проблем е цената на влезниците. Ним би им бил потребен уште еден филм „возбудлив како ‘Барби’ за да ги врати в кино“, како што гласи одговорот во изборот. Само 15 отсто одговориле: „Мислам дека ‘Барби’ не значи дека ќе почнам да гледам повеќе филмови во кината. Ова беше еднократно искуство“.

Просечната оценка на ИМДБ засега е 7,4 / 10, од вкупно 225.000 гледачи кои го оцениле филмот. На „Ротен томатос“, го препорачуваат 83 отсто од оценувачите.

Неколку многу очекувани изданија ќе се појават во кината следните неколку месеци, но и покрај очигледната „глад“ кај филмофилите, кој колку ќе биде успешен, допрва ќе се види, се вели во написот

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ