сабота, 27 јули 2024

Четврти трипл-дабл на Јокиќ во серија, Дончиќ го помина Леброн (ВИДЕО)

Денвер го победи Сакраменто со 117-96, а Никола Јокиќ заврши уште еден меч со трипл-дабл учинок, таков имаше и Лука Дончиќ во триумфот на Далас во Торонто со 136-125, Словенецот го мина Леброн во една статистичка категорија.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ постигна 14 поени, имаше 14 скокови и 11 асистенции, тоа беше негов четврти трипл-дабл на последните четири натпревари.

Најефикасен беше Џемал Мареј со 32 поени, кај Сакраменто најдобар беше Киган Мареј со 21 поен.

Дончиќ, кој прослави и роденден имаше фантастичен меч постигнувајќи 30 поени, 16 асистенции и 11 скокови. Со тоа, го помина Леброн Џејмс на листата со трипл-дабл натпревари со најмалку 30 поени, сега има 39 такви настапи. Пред него се само Оскар Робертсон и Расел Вестбрук, но тие имаат многу повеќе натпревари.

Далас славеше кај Торонто со 136-125, а голем допринос за победата даде и Ирвинг со 29 поени. Најдобар кај домаќините беше Квликли со 28 поени.

Резултати:
Индијана – Њу Орлеанс 123-114
Торонто – Далас 125-136
Чикаго – Кливленд 132-123
Минесота – Мемфис 110-101
Денвер – Сакраменто 117-96
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112-116

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ