„Градежниците“ неуспешно стартуваа во новата 2012 година, и тоа на дебито на новиот тренер Марјан Србиновски, кој на крајот на минатата година го наследи Слободан Петровски на чело на стручниот штаб.
Кошаркарите на Торус ја започнаа 2012 со пораз
Торус мечот во „Шумице“ го загуби во третата четвртина, кога домаќинот и се одлепи на двоцифрена предност. До полувреме, македонскиот тим беше тотално рамноправен и само нијансите им обезбедија предност на домаќините на паузата, која заврши со минус четири поени за скопјани, 47-51. Но во третиот период беше 24-17 за ОКК Београд, по што Торус во последниот дел се обиде да ја надомести двоцифрената негатива, но успеа само да го ублажи поразот.
Јован Копривица со 23 поени, Лука Дрча со 18 поени, Станое Кнежевиќ со 12 поени и 8 скока и Ненад Мишановиќ со 11 поени го предводеа ОКК Београд до втората победа во групата. Кај нашиот претставник Бојан Трајковски имаше 23 поени, Џеремаја Босвел даде 15, Димитар Караџовски погоди 12, а Никола Караколев 10 поени, но разочара репрезентативецот Ивица Димчевски, кој имаше неверојатно лоша вечер со само еден поен за 20 минути игра.