петок, 25 октомври 2024

Четворица повредени во сообраќајка на патот Неготино-Кавадарци

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што синоќа се случила меѓу две возила на патот Неготино – Кавадарци, потврдија утринава од МВР.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 22:50 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Неготино-Кавадарци, на  местото викано „Маренски уши“, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило фолксваген голф со неготински регистарски ознаки, управувано од  А.П.(43) од Неготино и патничко возило лада без регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(40) од Росоман.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките во возилото лада, Г.Г.(39) од Штип и А.В.(42) од Росоман, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ