сабота, 27 јули 2024

Четворица малолетници признале во полиција дека краделе компјутерски делови во училиште

Четворица малолетници од битолско Долно Оризари во полициска станица признале дека краделе компјутерски делови од улилиште. Полицијата во битолски Баир пронајде украден автомобил марка југо.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола повикале на разговор четворица малолетници, сите од селото Долно Оризари, битолско, во присуство на нивните родители. Тие се сомничат дека извршиле дело тешка кражба на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев” во селото. Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на денешниот ден, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба Баир во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка југо со битолски регистарски ознаки, кое од страна Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ