четврток, 12 декември 2024

Четиринаесетгодишно дете и уште две лица најдени изгорени во Неготинско

Три безживотни тела, меѓу кои и на дете на возраст од околу 14 години, се пронајдени во мала куќа што служела како импровизиран верски објект во селото Црвени Брегови, Неготино. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место.

Објавено на

часот

Сподели

„При првичниот преглед на телата не се утврдени траги на насилство. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и за испитување на исправноста на плинскиот уред кој бил користен за греење“, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Случајот е под истрага, а надлежните органи работат на утврдување на причините за оваа трагедија. Резултатите од обдукцијата и техничките проверки ќе бидат клучни за натамошниот тек на истрагата.

Трите починати лица според СВР Велес, биле на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник.

„Првичната  информација е дека во 16.35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, неготинско, биле пронајдени три починати лица- Ј.Ј.(71) од Битола, Ф.Е.(66) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција“, вели портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ