сабота, 27 јули 2024
Регионална конфернеција

Четири пресуди се изречени за напади врз новинари, кажа обвинителот Петрески во Белград

Од вкупно седум предмети во кои како оштетени лица се јавуваат новинари или медиумски работници евидентирани во Македонија минатата година, во четири предмети веќе е целосно спроведена постапка и изречена пресуда против сторителите на кривичните дела. Останатите три предмети се во фаза на проверка на наводите и прибирање на податоци за идентификација на сторители. Ова денеска во Белград го рече јавниот обвинител од ОЈО Скопје Дејан Петрески, кој учествувал на регионалната конференција „Нова борбена линија: Соработка за унапредување на безбедноста на новинарите во Југоисточна Европа“.

Објавено на

часот

Сподели

На конференцијата во организација на ОБСЕ и под покровителство на Европската унија, обвинителот Петрески, кој од неодамна е назначен за јавен обвинител задолжен да ги следи предметите поврзани со безбедноста на новинарите во скопското обвинителство зборуваше на панел-сесијата за предизвиците со кои се соочуваат истражните органи при истражувањето на кривичните дела против новинари. Тој додал дека годинава евидентиран е еден предмет во ОЈО Тетово во кој веќе се постапува.

Од Јавното обвинителство на Македонија уште информираат дека обвинителот Петрески во Белград го презентирал искуството на обвинителството со назначување на посебни јавни обвинители кои го следат постапувањето во ваквите предмети во обвинителствата во Скопје, Битола, Штип и Тетово, што веќе резултира со олеснето регистрирање и поголема ефикасност на кривичниот прогон за напади врз новинари.

„Исто така, беа споменати и измените во Кривичниот законик со кои нападот врз новинари доби третман на напад врз службено лице, како и предизвиците со кои се соочуваат обвинителите при обезбедувањето докази за вакви кривични дела“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ