сабота, 19 октомври 2024
Рестрикции

Четири пати во неделата во делови од Росоман по 12 часа преку ден нема да има вода

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе извесен период високите зони во село Росоман се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето, па заради тоа ЈПКД Росоман почнувајќи од денеска, ќе врши рестрикции во водоснабдувањето. Во деновите понеделник, среда, петок и недела во период од девет до 21 часот, без вода за пиење ќе бидат улиците Гоце Делчев, Страшо Пинџур, 11 Октомври, Цандо Кузманов и делови од улиците Партизанска и Душан Ќириќ“ соопштија од Општина Росоман. 

Улицата Пере Тошев и дел од улицата Маршал Тито во понеделник, среда и петок, без вода за пиење ќе бидат во периодот од 15 до 21 часот, а во недела од девет до 21 часот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ