сабота, 27 јули 2024

Четири гостувачки претстави неделава во Драмски театар

Претстави на четири ансамбли ќе се одржат оваа недела во Драмскиот театар. Од Драмски театар информираат дека интересот на публиката за гостувањата е голем и со тоа ги покануваат и охрабруваат и останатите професионални ансамбли и театри од независната сцена за соработка и гостувања во оваа и наредните театарски сезони.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е најавено, утре ќе гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски.

В четврток, 7 март, ќе се претстават „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат актерите Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е на авторот Филип Грујиќ. Режисер е Борис Василески.

Театарот „Златен Елец“ се претставува в петок, 8 март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.

В сабота, на 9 март, е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“. Теа Беговска е автор и режисер, а настапуваат: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ