недела, 14 април 2024

Четири години суспензија за Пол Погба

Денеска и официјално беше изречена суспензијата за Пол Погба поради допинг, францускиот фудбалер дури четири нема да смее да игра фудбал.

Објавено на

часот

Сподели

Погба се надеваше дека ќе помине со двегодишна суспензија, но тоа не се случи, тој е ригорозно казнет, суспендиран е на четири години.

Погба има 30 години, што значи дека повторно ќе може да заигра фудбал кога ќе наполни 34.

Ова може да значи и крај на фудбалската кариера на францускиот фудбалер.

Погба падна на допинг тест на 20 август по мечот меѓу Јувентус и Удинезе. Тој беше суспендиран од септември, оттогаш не тренира со соиграчите во Јувентус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ