Погба се надеваше дека ќе помине со двегодишна суспензија, но тоа не се случи, тој е ригорозно казнет, суспендиран е на четири години.
Погба има 30 години, што значи дека повторно ќе може да заигра фудбал кога ќе наполни 34.
Ова може да значи и крај на фудбалската кариера на францускиот фудбалер.
Погба падна на допинг тест на 20 август по мечот меѓу Јувентус и Удинезе. Тој беше суспендиран од септември, оттогаш не тренира со соиграчите во Јувентус.