сабота, 27 јули 2024
Четири години Единица за интервентна полиција

Скопје денес е побезбеден град, оцени министерот Спасовски

Скопје е денес побезбеден град од порано и граѓаните слободно и безбедно ги остваруваат својата цел и планови во мирна и безбедна средина. Најпрофесионално уште од самиот почеток Единицата за интервентна полиција брзо и успешно имплементираше свое структурно приспособување според сите стандарди на истородните полициски формации, дефинирајќи ја својата оперативност и функционалност како еден од главните сегменти во организациската структура на СВР Скопје“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. на свеченото одбележување на четирит години од формирањето на единицата.

Објавено на

часот

Сподели

Спасовски изрази уверување дека и во наредните години припадниците на единицата ќе бидат на висина на задачите и дека ќе придонесат во градењето на полицијата  како сервис на граѓаните и гарант за сигурноста и безбедноста.

„Само во 2023 година, делувајќи на територијата на град Скопје како превентивно, така и репресивно, Единицата за интервентна полиција приведе и лиши од слобода 1.591 лице по разни основи. Како резултат на секојдневното работење на терен, многу од кривичните дела се откриени на лице место, токму при извршување на кривичното дело или непосредно потоа, со брза интервенција на нејзините припадници, веднаш по добиена објава од полициските станици“, рече началникот на Единицата за интервентна полиција, Дејан Несторовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ