понеделник, 21 октомври 2024
Ако го видите обидете се да го задржите и пријавете во полиција

Четири дена ни трага ни глас од исчезнатиот Томе, семејството бара помош

Веќе четири дена се трага по Томе Божиновски (85), кој на 29-ти јули излегол од домот во Тафталиџе, рано наутро, и му се губи траг. Семејството го пријавило случајот во полиција и апелира доколку некој има било каква информација, да се јави на мобилниот 077 633 742 или пак во полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за лице со деменција, и ако граѓаните го сретнат, да го задржат. Исчезнатиот Томе бил облечен во жолти шорцеви, тегет маица со кратки ракави и елек, исто како на сликата доставена до медиумите.

Се замолуваат сите кои имаат информација за случајот, веднаш да пријават во полиција или да се јават кај семејството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ