четврток, 13 јуни 2024

ЧетГПТ апликација за Епл уредите со ИОС оперативен систем

Објавено на

часот

Сподели

Новата „Чет-ГПТ“ апликација ги има истите можности како и мрежната верзија и помага во зголемувањето на нејзината популарност. На апликацијата, корисниците ќе може да испраќаат гласовни барања преку микрофонот на нивниот телефон, наместо само да ги пишуваат. Корисниците исто така можат да ја синхронизираат својата историја на уредите. Оние кои плаќаат 20 долари месечно за да се претплатат на „Чет-ГПТ плус“ и ќе добијат дополнителни бенефиции во употребата на апликацијата, вклучително и пристап до можностите за „ГПТ-4“.

Бесплатната апликација е наменета за уреди со „ИОС“ оперативен систем, првично во САД, со навестувања наскоро да се појави и во други земји. Новата програма се појавува шест месеци откако „Опен-АИ“ првпат го објави за јавноста на интернет. Тоа објавување брзо предизвика нова трка во технолошката индустрија за развој на алатки што можат да генерираат разни написи и слики како одговор на барањата на корисниците.

Исто така, оваа вест доаѓа истата недела кога извршниот директор на „Опен-АИ“, Сем Алтман сведочеше пред Конгресот околу опасностите што вештачката интелигенција може да ги претставува за општеството, опишувајќи го тековниот технолошки „бум“ како потенцијален „миг еднакво значаен колку и појавувањето на машината за печатење“, но оти требаат и заштитни мерки.

„Опен-АИ“ наскоро ќе има и верзија за „Андроид“, како што најави компанијата.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ