Руте му честиташе на Доналд Трамп и рече дека во неговиот прв мандат покажал „силно американско лидерство“, што ја зајакнало Алијансата.
Генералниот секретар рече дека со нетрпение очекува да работи со Трамп „за промовирање на мирот преку силата на НАТО“.
Руте, кој ја презеде функцијата минатиот месец, се осврна на предизвиците со кои се соочува алијансата без директно да ја спомене војната во Украина.
Тој изјави: „Се соочуваме со сѐ поголем број глобални предизвици, од поагресивната Русија, тероризмот, стратегиската конкуренција со Кина, како и зголеменото усојузување меѓу Кина, Русија, Северна Кореја и Иран“.
I just congratulated @realDonaldTrump on his election as President of the United States. His leadership will again be key to keeping our Alliance strong. I look forward to working with him again to advance peace through strength through #NATO.
— Mark Rutte (@SecGenNATO) November 6, 2024