недела, 19 мај 2024
АНГЛИЧАНЕЦОТ НАПРАВИ ТРАНСФЕР ВРЕДЕН ПРЕКУ 100 МИЛИОНИ ЕВРА

„Честитки за Реал, во Дортмунд им падна камен од срце кога дознаа дека Баерн нема шанси да го купи Белингам“

Карл Хајнц Румениге му честиташе на Реал Мадрид за трансферот на Џуд Белингам, поранешниот генерален извршен директор на Баерн Минхен исто така сподели интересен момент од преговорите.

Објавено на

часот

Сподели

Џуд Белигам минатото лето се пресели на „Бернабеу“ во трансфер вреден преку 100 милиони евра, како и додатни 30 милиони евра во бонуси, но Англичанецот веднаш се наметна во тимот, прикажува фантастични партии и ја оправдува големата инвестиција.

За неговите услуги интерес пројави и Баерн Минхен, и обично „баварците“ редовно ги ангажираат најдобрите играчи во Бундеслигата, но овој пат немаа шанси поради желбата на Англичанецот да го облече белиот дрес.

„На Реал Мадрид треба да му се честита за трансферот на Белингам. Момчето постигнува голови, дели асистенции, трча, се бори, освојува топки… всушност тој прави се!“ – вели поранешниот генерален извршен директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге.

„Многу рано донесе одлука дека сака да се пресели во Реал Мадрид, и луѓето во Дортмунд беа многу среќни, им падна камен од срце кога дознаа дека Баерн нема шанси да го ангажира“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ