четврток, 26 декември 2024
31 Март Ден на македонското правосудство

Честитка на Министерството за правда до судиите, обвинителите, адвокатите, нотарите…

Министерството за правда упати честитка по повод 31 март-Денот на македонското правосудство до сите судии, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители и вработени во судовите, изразувајќи надеж за понатамошен развој на унапредувањето на правната мисла и владеењето на правото.

Објавено на

часот

Сподели

„На 31 март 1945 година е донесена повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест со што се поставени темелите на судството во нашата држава. Со Повелбата се основани 25 околински судови, три обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму потенцираат дека реформите во правосудството остануваат приоритет.

„Заедно, забрзано и со конкретни мерки да придонесеме да ја вратиме довербата на граѓаните во правосудниот систем и да го зголемиме интегритетот на носителите на функции. Задоцнетата правда е негирање на правдата! Време е да тргнеме напред и да го поправиме угледот кај домашната и меѓународната јавност“, велат од министерството.

Од таму посочуваат дека имаат мисија за градење независен и непристрасен правосуден систем базиран на европските вредности за владеење на правото и да ја зголемат ефиксаноста, етичноста и транспарентноста на судовите и обвинителствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ