Таа честитката ја упати до претседателот на ЕЗРМ, Пепо Леви како и до сите членови на Еврејската заедница во Македонија.
„По повторното заземање на еврејскиот храм и отстранувањето на сите пагански идоли, верниците во него нашле масло со кое свеќите во храмот можеле да горат само една ноќ. Но, за чудо, свеќите во храмот останале да горат цели осум дена. И оваа година, нека светлината на свеќникот кој симболично се пали секоја година во спомен на овој празник, го осветли секое темно ќоше од вашите домови. Нека донесе сила и единство во вашата заедница и во сечие срце. Кога е најтемно, велат големите еврејски мудреци, светлината свети најсилно, и секое добро дело може да донесе топлина на оние на коишто им е најпотребно. Или како што е запишано во светите книги: „земете елеј маслинов, чист, без талог, да гори за светење, и да гори секогаш“, пишува Трајковска.
Нека овој празник на чудата и на светлината, додава таа ги исполни вашите срца и домови со топлина и нека донесе благосостојба и многу здравје.