среда, 15 јануари 2025

Чешкиот премиер: Русија веќе не може да не уценува

Надградбата и зголемувањето на капацитетот за испорака на нафта во Чешка преку Трансалпскиот нафтовод (ТАЛ) од Италија стави крај на потребата на земјата за увоз на руска сурова нафта, изјави чешкиот премиер Петр Фиала.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Чешка работи на диверзификација на своите патишта за снабдување за да не зависи од руската нафта.

Договорот за проширување на нафтоводот беше потпишан во мај 2023 година, повеќе од една година по руската инвазија на Украина, поради што беа воведени санкции за руските енергетски компании.

Веќе нема ни директни договори меѓу Чешка и руски добавувачи. Сега, кога ТАЛ има капацитет да ги задоволи сите потреби за нафта на Чешката Република, земјата повеќе не треба да се потпира на гасоводот Дружба од исток, кој порано обезбедуваше половина од нејзините потреби за енергија.

„Ова е клучен момент за Чешка. Русија повеќе не може да не уценува и имаме гаранција дека ќе можеме целосно да се снабдиме со нафта од Запад“, изјави Фиала.

Трансалпскиот нафтовод испорачува нафта од италијанското пристаниште Трст на југот на Германија, каде што се поврзува со гасоводот ИКЛ до Чешка.

Проширувањето го удвои капацитетот на нафта за Чешка, членка на ЕУ и НАТО, на осум милиони тони годишно.

Чешка се снабдуваше со руска нафта преку Дружба 60 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ