„Претседателот е спремен на овој чекор“, ја потврди за порталот намерата на Павел да именува амбасадор во Приштина Ева Хромадкова од неговиот прес-тим.
Иако Чешка го призна Косово во 2008 година, тоа секогаш беше чувствително прашање поради односот со Србија. Испраќањето на амбасадор во поранешната српска покраина досега го спречуваа претседателите Вацлав Клаус и Милош Земан, кој бараше неговата земја да го повлече признавањето на косовската независност.
Според изворите на порталот Сезнам зправи, чешката влада на 12 април го разгледувала ова прашање, а станува збор за дипломат со долгогодишна кариера со искуство на позицијата амбасадор.
„Не ги коментираме деталите на именувањето амбасадор. Министерството за надворешни работи веќе долго е со став дека со Косово треба да воспостави дипломатски односи на највисоко ниво, бидејќи е неопходно да се поправи апсурдната ситуација во која Чешка ја признава независноста на Косово, таму постои амбасада, но нема амбасадор“, кажа портпаролот на чешката влада Даниел Дрејк.