сабота, 27 јули 2024

Чешка подобра од очајната Германија

Објавено на

часот

Сподели

Штехлик постигнува гол за Чешка

Вистинско изненадување ќе беше ако Германија воопшто освоеше и бод против Чешка, со оглед на тоа како играа ракометарите на поранешниот светски првак од 2004 година. Германците имаа две шанси да го направат возбудлив мечот, но и двапати во моменти со играч повеќе и минус еден гол, не успеваа да израмнат, па таквите „подароци“ Чешка не дозволи третпат да ги искористат во последните пет минути.

Чесите при резултат 21-20 и промашување на Германците, направија пет гола предност, но прерано почнаа да слават. Германците не се откажаа, но со лошата игра, сè што стигнаа да направат е да стигнат до 23-25. Следуваа нивни промашувања, а Чесите на крилата на својот прв играч и најдобар светски ракометар Филип Јиха на крајот ѝ се радуваа на победата.

Чешка уште во почетокот на мечот најави победа и по 11 минути веќе имаше највисоки шест гола предност 9-3. Десет минути подоцна повторно беа на плус шест 12-6, па очајната игра на Германците во првиот дел им овозможи само девет гола на „панцирите“, а на Чешка пет гола предност на полувреме, 14-9.

Очекувано прв стрелец беше Јиха со седум гола, а дури четворица имаа по три погодоци, и тоа Хорак, Јуричек, Стехлик, Скленак. Кај Германците разочара најдобриот стрелец во ЛШ, Уве Гејншајмер, кој даде само три гола, а Ларс Кауфман беше прв стрелец со пет гола.

Победата на Чешка најавува хаотична група, со оглед на фаворитската улога на Германците.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ