сабота, 27 јули 2024

Чешка нема да испраќа воени инструктори во Украина

Чешка нема намера да испраќа воени инструктори во Украина и ќе продолжи да ги обучува украинските војници во своите бази, изјави министерката за одбрана Јана Чернохова.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Минатата година 4.000 украински војници поминаа обука, исто толку се одобрени и за оваа година. Дали ќе има максимален број зависи од тоа како се одвива регрутирањето во Украина“, изјави Чернохова за новинската агенција ЦТК.

Чешката министерка за одбрана рече дека земјите како Франција кои планираат да испратат свои инструктори во Украина го прават тоа затоа што логистички е бесмислено да се превезуваат илјадници украински војници таму и назад.

„Чешка не мора да го прави тоа. Словачко-украинската граница е оддалечена неколку стотици километри од нашиот полигон во Либава. Така, можам да кажам дека Чешка ниту планира, ниту се подготвува да испрати инструктори, иако немам против француската иницијатива“, рече Чернохова.

Чешката иницијатива за купување на 800.000 парчиња артилериска муниција за Украина од трети земји вклучува, според министерот за одбрана, далечни земји, покрај 15-те кои досега платиле или ветиле 1,6 милијарди евра, наведувајќи дека првите испораки ќе пристигнат во јуни, а до крајот на годината околу половина милион парчиња муниција.

Чешка, исто така, нуди обука на украински пилоти за летови на Ф-16 и Грипен.

„Украина треба да користи оружје по сопствена дискреција. Во никој случај не е прекршување на меѓународното право бидејќи Украина, во согласност со меѓународното право, како земја нападната од нивна страна, има право да се брани како што ѝ одговара. Ист е ставот и на адвокатите на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кои потсетија на преседани од минатото“, изјави Чернохова за гаѓањето цели на територијата на Русија, особено по отворањето на фронтот кај Харков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ