сабота, 21 декември 2024

Чешка го враќа амбасадорот во Русија

Чешка ќе го врати својот амбасадор во Москва во следните неколку месеци, соопшти денес министерството за надворешни работи на таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Политико, Чешка ќе го врати амбасадорот во Русија по пауза од неколку години.

Дипломатските односи на Прага и Москва се влошија во 2021 година, кога чешките разузнавачки служби ја обвинија Русија за наводна вмешаност во серијата експлозии во чешките складишта за муниција во Врбјетице во 2014, кога двете земји го намалија бројот на дипломати во амбасадите.

Односите на двете земји дополнително се влошија и по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Поранешниот чешки амбасадор во Москва, Витеслав Пивонка, која таа улога ја вршеше од Прага од 2022 година, беше отповикан во мај.

„Клучните земји кои се стратегиски сојузници на Чешка, како Британија, Германија, Полска, имаат амбасадори во Русија. На амбасадорот му посакувам многу сила во оваа напорна мисија да ги унапреди чешките интереси“, кажа чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски во соопштение.

Искусниот дипломат Даниел Коштовал, кој е поранешен заменик на министерот за одбрана, Русија веќе го одобрила, и тој својата мисија ќе ја почне на почетокот на следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ