Македонија денеска против Франција го почнува настапот на Европското првенство. Во нашата група се уште и селекциите на Германија и Швајцарија.
Само двете првопласирани селекции од групите одат во следната фаза, а тоа значи дека мисијата за останување подолго на Европското првенство за Македонија ќе биде исклучително тешка.
„Македонија тешко ќе може се избори со Франција и Германија, би било некоректно да бараат од Лазаров да се помине првата фаза од натпреварувањето. Македонија евентуално може да се носи со Швајцарија“, кажа Лазаров.
Денешниот натпревар на Македонија против Франција почнува во 18 часот.