сабота, 27 јули 2024

Челси за 17 месеци купи 11 членови од Брајтон

Главниот човек за скаутинг на Брајтон, Сем Џеуел е нов член на Челси, тој треба да биде главен во селектирањето на нови фудбалери за сините од Стемфорд Бриџ.

Објавено на

часот

Сподели

Челси продолжува да купува од Брајтон, за 17 месеци тие ангажираа дури 11 членови од овој клуб, некои од нив се фудбалери, а други од стручниот штаб.

Од денеска нов главен за скаутинг во Челси ќе биде Сем Џеуел кој доаѓа од Брајтон.

Останатите 10 кои Челси ги ангажираше од овој клуб се Грем Потер, Били Рид, Бјорн Хамберг, Бруно Салтор, Бен Робертс, Кајл Мекелеј, Пол Винстли, Роберт Санчез, Марк Кукуреља и Моисес Каиседо.

Новото раководство на Челси изгледа е фасцинирано од работата на Брајтон, па најмногу купува од овој клуб.

Но и покрај сите пари кои им ги даде, Брајтон е понапред на табелата во Премиерлигата отколку Челси кој веќе долго време е на средината, поточно на 10. место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ