сабота, 27 јули 2024

Челси во самиот финиш го победи Лестер за полуфинале од ФА Купот (ВИДЕО)

Со два гола во судиското продолжение Челси дојде до победа од 4-2 против Лестер и пласман меѓу четирите најдобри во ФА Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот го отвори Кукуреља уште во 13. минута од натпреварот. А по 13 минути игра Стерлинг промаши пенал.

Сепак Челси постигна уште еден гол во првото полувреме, Палмер реализираше за 2-0.

По шест минути игра во второто полувреме Дисаси си постигна неверојатен автогол и намали на 2-1.

Тој погодок им даде крилја на фудбалерите на Лестер кои преку Мавидиди во 62. минута изедначија на 2-2.

Десет минути подоцна Лестер остана со играч помалку откако Дојел поради старт како последен играч од одбраната доби црвен картон.

Таквата предност Челси ја искористи во 92. минута кога по асистенција на Палмер, Чуквуемека даде гол за победа од 3-2.

Но, тоа не беше сѐ, пет минути подоцна Мадуеке даде прекрасен гол за конечни 4-2.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ