сабота, 27 јули 2024
Ќе има изненадување во почетните 11

Челси вечер игра дерби со Ливерпул, а привремениот тренер вели: Никогаш до сега не сум одбрал стартен состав!

Објавено на

часот

Сподели

Челси по втор пат оваа сезона го промени тренерот, по поразот од Астон Вила во саботата, следниот ден му беше врачен отказ и на Грем Потер.

Неколку имиња веднаш беа поврзани со кормилото на Стемфорд Бриџ но додека Тод Боли и неговите соработници да донесат одлука, Бруно Салтор привремено ќе го води тимот и првата задача воопшто нема да му биде лесна, го чека натпревар против Ливерпул.

„Не спиев многу, ова е нова ситуација, треба да се мисли на многу работи“ – вели Бруно Салтор, кој четири години соработуваше со Грем Потер и беше дел од неговиот тренерски персонал.

„Како што знаете, ова не е моја одлука. Клубот пресече, побара од мене да истапам и да бидам професионалец“.

„Тренер сум четири години, но Грем беше главен и тој го имаше последниот збор. Сега јас сум главен, против Ливерпул за прв пат ќе одберам стартен состав. Имам голема одговорност, ќе го дадам најдоброто од себе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ