Челси по втор пат оваа сезона го промени тренерот, по поразот од Астон Вила во саботата, следниот ден му беше врачен отказ и на Грем Потер.
Неколку имиња веднаш беа поврзани со кормилото на Стемфорд Бриџ но додека Тод Боли и неговите соработници да донесат одлука, Бруно Салтор привремено ќе го води тимот и првата задача воопшто нема да му биде лесна, го чека натпревар против Ливерпул.
„Не спиев многу, ова е нова ситуација, треба да се мисли на многу работи“ – вели Бруно Салтор, кој четири години соработуваше со Грем Потер и беше дел од неговиот тренерски персонал.
„Како што знаете, ова не е моја одлука. Клубот пресече, побара од мене да истапам и да бидам професионалец“.
„Тренер сум четири години, но Грем беше главен и тој го имаше последниот збор. Сега јас сум главен, против Ливерпул за прв пат ќе одберам стартен состав. Имам голема одговорност, ќе го дадам најдоброто од себе“.