недела, 20 октомври 2024
Покетино добива засилувања во средниот ред

Челси со 170 милиони фунти купува тројца фудбалери?!

Објавено на

часот

Сподели

„Сините“ ова лето останаа без Нголо Канте, Матео Ковачиќ, Рубен Лофтус Чик и Мејсон Маунт, па Маурисио Покетино сака да донесе неколку имиња од средниот ред.

Ако се покажат точни шпекулациите на медиумите од „островото“, Челси ќе потроши 170 милиони фунти за ангажман на тројца играчи.

Доцна синоќа се појавија информации дека Челси сака на Ливерпул да му го украде Ромео Лавиа и до Саутемптон е доставен предлог вреден 48 милиони фунти, што е блиску до сумата од 50 милиони фунти која ја одредија „светците“.

Утрово пак беше објавено дека клубот од Стемфорд Бриџ ја активирал откупната клаузула во договорот на Тајлер Адамс од Лидс вредна 20 милиони фунти и репрезентативецот на САД наскоро ќе пристигне во Лондон на лекарски прегледи.

Исто така се пишува дека Челси направил напредок во преговорите со Брајтон за трансфер на Моисес Каиседо, и двете страни ги договараат деталите за зделка вредна 100 милиони фунти со се бонуси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ