сабота, 27 јули 2024

Челси повторно се посрамоти, со играч повеќе не го победи Барнли (ВИДЕО)

Челси одигра само 2-2 на Стемфорд Бриџ против Барнли иако играше со фудбалер повеќе, кикс на сините кој дополнително го тресе столчето на Покетино.

Објавено на

часот

Сподели

Во 40. минута од натпреварот, Асињон направил фаул за пенал и доби втор жолт картон. Можеби престрога одлука на судијата кој поради реакција го исклучи и тренерот на Барнли, Компани.

Палмер погоди од белата точка за водство на Челси од 1-0.

По две минути игра во вториот дел Кулен реализираше за израмнување на 1-1.

Иако играше со фудбалер повеќе, на Челси тешко му одеше да креира шанси, конечно Палмер во 78. минута погоди и го врати водството, овојпат од 2-1.

Но само три минути подоцна Ошеј постигна гол и изедначи на 2-2. Барнли во финишот имаше шанса и за победа, ја погодија пречката.

Тотнем со пресврт во второто полувреме го совлада Лутон со 2-1.

Со 2-1 победи и Борнмут против Евертон, Нотингем форест и Кристал Палас одиграа 1-1, а најефикасен беше мечот меѓу Шефилд јунајтед и Фулам кој заврши 3-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ